„ЕуроНикел предлага пат за излез од стечајот за ФЕНИ. Поддржувајќи ја компанијата во најтешкиот период и по успешното рестартирање на производството, имаме сериозен предлог до сите должници на ФЕНИ и цврст инвестициски план за раст и успех на компанијата.
ЕуроНикел започна постапка за исплата на сите побарувања од ФЕНИ Индустри на сите признати доверители кои се дел од стечајната маса. Веќе во следните неколку дена, 60% од сите побарувања на доверителите ќе бидат исплатени, а останатите 40% ќе бидат исплатени во период од една година по вообичаената детална анализа и преглед на документацијата со побарувањата. Ова ќе стави крај на неизвесноста за ФЕНИ Индустри и 100% од прифатените побарувања во стечајната постапка ќе бидат исплатени. Доверителите се покануваат да се состанат со претставниците на ЕуроНикел во наредните денови, со цел да ги достават своите барања и да ја комплетираат постапката.
Денес имаме јасен и опиплив знак на стабилизација и успешно враќање на производството. Тоа е резултат на напорната работа на вработените во ФЕНИ и компетентноста на ГСОЛ – ЕуроНикел. ГСОЛ веќе инвестираше над 20 милиони евра во иднината на ФЕНИ и работи на тоа да го направи ФЕНИ водечки европски производител на фероникел. ГСОЛ – ЕуроНикел е исто така најверодостојниот инвеститор во ФЕНИ кој потпиша договор за соработка и успешно го врати ФЕНИ во производство за само 30 дена. ГСОЛ – ЕуроНикел успеа да ги достави сите потребни природни и финансиски ресурси во фабриката за производство и ги прифати долговите на сите вработени во стечајната постапка.
„По денешното успешно враќање на производството, исплатата на сите доверители на ФЕНИ Индустри е со цел да се реши сегашната ситуација, да се стави крај на неизвесноста на вработените, како и сите соработници на ФЕНИ, да се даде конкретна слика за иднината и да се осигура позитивен развој. Со сите чекори и иницијативи што се преземени досега од нас, покажавме дека ги имаме финансиските ресурси, оперативниот капацитет, природните ресурси и знаењето за управување со ФЕНИ. Целокупната исплата на сите побарувања е дел од исполнувањето на ветувањето што го дадовме на самиот почеток, дека нашата цел и намера е долгорочна иднина за ФЕНИ Индустри, да произведува со полн капацитет и да стане лидер во преработката на фероникел на европскиот пазар”, рече Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матична компанија на ЕуроНикел. “Нашите финансиски и оперативни заложби денес почнаа да даваат резултати кои се од корист како за локалната, така и за пошироката заедница, вработените во ФЕНИ и сите партнери на комбинатот.” – се вели во соопштението на ЕуроНикел.