Еуроникел Дооел Скопје – претставништво на ГСОЛ е подготвено да ги покрие побарувања на транспортерите за ФЕНИ Индустри

Од:

Минатата седмица доставен е предлог до Нова Логистик, како и до Транспортерите – Кипери, за откуп на опрема и руда со цел да се излезе во пресрет и да се изнајде решение за незавидната финансиска состојба на кавадаречките транспортери – Кипери, со што веднаш би се исплатило 70% од побарувањата на транспортерите од фирмата должник, Нова Логистик.

Имајќи предвид дека ваквиот предлог не е повеќе опција зашто во меѓувреме се утврди дека предметната опрема не е во нивна сопственост, како и фактот дека за оваа фирма е покренато барање за стечај, инвеститорот со договор за преработка на никелова руда, Еуроникел Дооел Скопје (претставништво на ГСОЛ) во интерес на Транспортерите – Кипери, но пред сè во интерес на производниот процес на ФЕНИ Индустри АД – во стечај, на вработените во компанијата, чија егзистенција е директно поврзана со работата на компанијата, а исто така и во интерес на пошироката заедница, во текот на изминатиот викенд ги информираше Транспортерите – Кипери, а со овој допис сакаме уште еднаш писмено да ги известиме за следново:
Еуроникел Дооел Скопје, претставништво на ГСОЛ е подготвен да покрие 2 милиони евра од вкупните побарувања на транспортерите кон Нова Логистика и веднаш да ги ангажира за тековните транспортни потреби на фабриката, а останатите 1.1 милион евра ќе се исплатат во рок од 12 месеци по завршување на стечајната постапка. Во однос на цените на превозот, истите ќе бидат согласно стандардните на релација Кавадарци – Солун, што ги плаќаат кавадаречките фирми, а роковите на плаќање на 15 дена.

Земено горенаведеното, Еуроникел ги повикува сите заинтересирани кавадаречки транспортери, да не контактираат, со цел потпишување на спогодба која ги вклучува горенаведените услови.

Имајќи предвид дека целта на Еуроникел е да излезе во пресрет на незавидната финансиска состојба на кавадаречките Транспортери – Кипери, но и да гради долгорочни деловни релации со истите, сигурни сме дека од ваквиот предлог ќе произлезе и решението за надминување на проблемите.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он