ЕУ усвои Фонд за зелена транзиција од 17,5 милијарди евра

Од:

Советот на Европската унија денеска усвои Фонд за фер транзиција (ЈТФ) вреден 17,5 милијарди евра, чија цел е „да се направи зелена транзиција, фер и инклузивна“.

Фондот ќе вклучи 7,5 милијарди евра на располагање за буџетски обврски за периодот 2021-2027 година и 10 милијарди евра од инструментот за обнова 2021-2023 година.

„Фондот за фер транзиција ќе финансира проекти кои ќе ги ублажат социо-економските трошоци на заедниците на ЕУ кои се во голема мера зависни од фосилни горива или индустрии и треба да ја диверзифицираат локалната економија“, се вели во соопштението на Советот.

ЈТФ е насочен кон мали и средни претпријатија, вклучително и старт-ап и формирање нови компании.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот