ЕУ разгледува процедура за „запирање на часовникот“ до референдумот во Грција

Од:

Актуелната ситуација поврзана со Грција, не е предвидена во европската правна рамка. Можно е да прибегнеме кон процедура „запирање на часовникот“ до одржувањето на закажаниот за во недела референдум во Грција, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Тој ја даде изјавата по вонредната средба на претседателскиот совет на ЕП со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

Претходно денеска Јункер ги повика Грците да гласаат на референдумот со „за“. Шулц изјави дека институциите на ЕУ се присоединуваат кон тој повик.

Според претседателот на ЕП, можно е до утре вечер, кога официјално истекува актуелната спасувачка програма за Грција, да биде свикана нова вонредна средба на шефовите на држави и влади од еврозоната или на министрите за финансии (Еврогрупата).

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски