ЕУ преживува институционална криза

Од:

Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и поранешниот француски претседател Жискар д’Естен – кои се едни од основачите на еврото, констатираа дека ЕУ преживува институционална криза.

– Нема криза на еврото, но има криза на европските институции. Единствената институција која функционира е Европската централна банка, рече Шмит, а Д’Естен изјави дека е согласен со него.

Според Д’Естен, ако нема нов проект идната година, на европските избори ќе настапи катастрофа.

Тој се изјасни за создавање група со претседателот на Германија и генерален секретар од Франција, која ќе организира редовна месечна средба еднаш месечно на лидерите на земјите од еврозоната, како и за даночна и буџетска хармонизација во целата ЕУ.

– Доаѓам последен пат во Франција. Потоа нема да мрдам никаде, изјави 94-годишниот Шмит, кој е во инвалидска количка.

Тој со својот 87-годишен пријател Д’Естен се сретнаа во резиденцијата на германската амбасада во Париз.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот