ЕУ планира да ги контролира електричните уреди на граѓаните

Од:

Комисија при Европската унија планира да воведе систем за помош што ќе биде во состојба на далечина да ја исклучува електричната струја на своите граѓани. Концерните за производство на струја ја поддржуваат оваа идеја, пренесува Танјуг.

Комисијата при ЕУ дошла на идеја кај силните потрошувачи на струја, како фрижидери, клима-уреди или проточни бојлери да вгради специјален чип. Со помош на чипот концерните, кога ќе се појави опасност од преоптоварена мрежа, би можеле да го преземат управувањето со апарати во приватните домаќинства.

Доколку помине предлогот на комисијата и на лобито на произведувачите на струја, граѓаните на ЕУ повеќе нема сами да одлучуваат на која температура се подесени нивните фрижидери и кога ќе ги исклучуваат.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот