ЕУ наскоро може да ја даде следната транша од милијарда евра помош за украинската економија

Од:

ЕУ во следните неколку месеци на Украина може да и додели нова транша од милијарда евра од ветениот заем од 11 милијарди евра и може да размисли за дополнителна финансиска помош за земјата, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, цитиран од британските медиуми.

Во март ЕУ одлучи на Украина да и додели 11 милијарди евра под форма на заеми и субвенции за идните неколку години. Со овие средства ЕУ ќе ја помага урнисаната украинска економија.

Програмата за помош на Украина со 11 милијарди евра е со рок до 2020 година, посочува ИТАР-ТАСС.

Украина досега веќе прими над милијарда евра под форма на заеми и 2,5 милиони евра под форма на субвенции, потсетија британските медиуми.

Баросо појасни дека одлуката за следната транша од милијарда евра за Украина и за евентуална нова помош ќе биде донесена по прифаќањето на соодветните решенија во ММФ, кој допрва ќе треба да ја направи новата проценка за состојбата на украинската економија, пренесе ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa