ЕУ ќе воведе царини за американски производи во спорот за Ербас и Боинг

Од:

Европската унија ќе воведе царини за американски производи во спорот околу производителите на авиони Ербас и Боинг, соопшти денеска потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.

Неодамнешната одлука на Светската трговска организација и дозволи на ЕУ да воведува царини, рече Домбровскис.

– И тоа е она што го правиме, додаде тој.

Пресудата, изречена во средината на октомври, и дозволува на ЕУ да воведе царини во вредност од скоро четири милијарди долари (3,37 милијарди евра) годишно на увозот од САД за да возврати на нефер субвенциите за авиони.

ЕУ сепак ќе остане отворена за преговори, со тоа што Комисијата се залага двете страни да се откажат од царините за производите, рече Домбровскис.

Во сличен случај, СТО им дозволи на САД во 2019 година да воведат царини за производи од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди долари (6,3 милијарди евра) како одговор на нелегалната државна помош за европскиот производител на авиони Ербас.

Би можело да ве интересира

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата