ЕУ ќе инвестираа уште 273 милиони евра за регионална соработка на земјите од Западен Балкан

Од:

Европската комисија ги финализираше серијата мерки за промоција на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, за што ќе издвои 272,7 милиони евра за периодот 2012-2013 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според еврокомесарот за проширување Штефан Филе, овој фонд е добра вест со оглед на тоа што регионалната соработка е централен елемент во напорите на Европската унија за унапредување на реформскиот процес во земјите од Западен Балкан.

– Овие средства ќе му помогнат на регионот да постигне економски просперитет и политичка стабилност, вели Филе.

Според информациите од Европската комисија, овој фонд ќе биде за поддршка на соработката со меѓународните финансиски институции за мобилизирање на финансирањето, за помош на развој на граѓанското општество, за поддршка на образованието, како што е програмата за мобилнсот на студентите и за помош на корисниците да ги исполнат барањата за членство во ЕУ.

Комисијата смета дека со ова ќе се дополни финансирањето на индивидуалните национални програми со фокус на регионалните аспекти и ќе им се овозможи на земјите да разменат искуства меѓусебно.

Оваа сума од речиси 273 милиони евра за земјите од регионот, меѓу кои е и Македонија, ЕУ ја издвојува во рамки на мултикорисничката и прекуграничната програма на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за 2012-2013 година за земјите што се во фаза на зачленување во Унијата.

Како што е познато, од 2007 година земјите што сакаат да станат дел од ЕУ добиваат финансиска помош од Брисел преку ИПА фондовите, при што целокупниот буџет за оваа намена за периодот од 2007 до 2013 година изнесува 11,5 милијарди евра. Инаку, Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се состои од пет компоненти: помош за транзиција и институционална надградба, прекугранична соработка, регионален развој, развој на човечките ресурси и рурален развој.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он