ЕУ годинава ќе издаде обврзници вредни 80 милијарди евра, дел од планот за закрепнување

Од:

За првпат во историјата, Европската комисија очекува да издаде долгорочни обврзници вредни 80 милијарди евра оваа година, за да помогне во финансирање на план за обновување од пандемијата со коронавирусот во износ од 750 милијарди евра.

Со продажба на обврзници, како и краткорочни хартии од вредност во 2021 година, ЕУ „ќе успее да ги покрие најитните потреби на земјите-членки и да ги стави на патот кон одржливо закрепнување“, се вели во изјавата на европскиот комесар за буџет Јоханес Хан.

Издавањето на првите обврзници може да започне веќе на крајот на месецот, а краткорочните хартии од вредност ќе се продаваат од септември, се вели во соопштението на Комисијата.

Од средината на 2021 година до 2026 година, просечното годишно задолжување треба да биде околу 150 милијарди евра, се вели во изјавата.

Објавувањето доаѓа откако сите 27 земји-членки ги одобрија моделите за финансирање на планот на национално ниво, давајќи зелено светло на Комисијата да почне со задолжувања.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот