ЕСМ: Тенденциозни и злонамерни се инсинуациите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

АД ЕСМ ги оценува како тенденциозни и злонамерни инсинуациите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ искажани во денешната изјава на партискиот портпарол.

„Постапката за набавка на јаглен од Косово е во тек и во ниту еден момент досега, ниту еден официјален претставник во преговорите не споменал во јавноста детали од преговорите, особено не во однос на цената на јагленот. Податокот на кој се повикува посоченото лице во својата изјава е податок од неименуван извор споменат во дел од медиумите. Но, и тој податок е искористен парцијално, само за потребите на денешната изјава, а со цел нанесување на штета на имиџот на компанијата. Во интерес на вистината, според експерти кои дел од медиумите наводно ги консултирале, цената на ископан тон јаглен во рудниците на Косово изнесува 8 евра, но додека стигне до РЕК Битола цената се искачува на 23 евра заради транспортните трошоци. И покрај тоа што двата податоци се погрешни, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ во денешата своја изјава не го зел тоа во предвид, веројатно со единствена цел да наштети на имиџот и угледот на компанијата“, реагира АД ЕСМ.

„Споредувањето, пак, на постапката за обезбедување на јаглен со цел зголемување на домашното производство и најавите за евентуални намалувања на трошоците на компанијата согласно можностите што ги дава Законот за работни односи, се неетички и неморални. Станува збор за два неповрзани процеси кои имаат една заедничка цел – справување со енергетската криза што ја погоди земјава и европскиот континент“, се вели во реакцијата на АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд

Полицијата апси поранешни раководители на ЕСМ, меѓу уапсените е и Васко Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година