(ВИДЕО) Стоилковски: Каде треба да завршат 7 милиони евра разлика во цени од ископот на јаглен, и дали затоа РЕК го склучува договорот без тендер?

Од:

„Ниту во време на најголемата енергетска криза, СДСМ не се откажува од директни преговори и празнење на буџетот наменет за енергетика. Од една страна носат решенија за бркање на луѓе на принуден одмор, од друга страна, со непосредна спогодба, повторувам СО НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА, прави договор на 19 милиони евра“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЕЛЕМ, државната компанија за производство на струја, склучи спогодба и договор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас на 19 милиони евра, за ископ на 1,4 милиони тони јаглен, откако цело лето не се копаше јаглен и земјата ја втурнаа во тешка криза. Овој тендер доаѓа во време кога се носи и решение за принуден одмор на работници од компанијата! Од една страна принуден одмор, заради кризна ситуација, од друга страна директен договор на 19 милиони евра. Ова е тој заклучок, тоа решение потпишано со Васко Ковачевски за принуден одмор на вработени во РЕК Битола. ЕЛЕМ и РЕК Битола мора да одговорат како е дојдено до изборот на компанијата Марковски за зафат вреден 19 милиони евра во време на криза?“, додава Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали имало и кои биле другите компании и зошто тие биле одбиени? Зошто се оди на непосредна спогодба кога цела година се знаеше дека треба да се копа јаглен, а тој не се копаше? Дека се работи за чист интерес покажува и математиката: ЕЛЕМ на компанија избрана по лично видување, дава 19 милиони за ископ на 1,4 милиони тони јаглен. Тоа значи цена за тон јаглен е околу 13 евра. Цената по која што се купува јаглен од Косово е 8 евра за тон, ако може да се верува на бројките на министерот Бектеши. Следејќи ги бројките, ЕЛЕМ и кадрите на СДСМ, разликата меѓу увозот и директната спогодба е цели 5 евра по тон јаглен. Блескавите во енергетика, криминогените структури во раководствата во енергетиката, кои што ја оставија државата без своја струја и се уште неплатена увезена струја, по овој последен математички нелогичен зафат во директна спогодба мора да одговорат, дали изборот на фирма во непосредна спогодба чини 5 евра по тон, односно според договорената количина, 7 милиони евра повеќе? Неспособноста, криминогеноста, лукративноста на СДСМ ја уништи Македонија и ја втурна во кризи со катастрофални последици“, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања