ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Од:

Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија.

Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска.

Препорачуваат навремено да се извршат проверки и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.

– На тој начин придонесуваат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено. Исто така, важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), се вели во соопштението од ЕСМ.

Навременото и квалитетно снабдување со топлинска енергија, се посочува, е од витално значење за комфорот на нашите корисници.

– Затоа, апелираме да ги следат препораките и да соработуваат со службените лица за да се обезбеди непречено функционирање на системот за централно греење, соопштија од ЕСМ.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405

Центар за грижа на корисници (понеделник-петок, 07.00 – 19.00): 02 3104 816

Рекламации за квалитет на греење (понеделник-петок, 07.00 – 19.00): 02 3104 872

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана