ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со природен гас за март

Од:

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец март 2023г. за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба информира компанијата.

– Јавниот повик трае од 21.2.2023 до 24.2.2023г и понудувачите на истиот треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за месец март на точка на испорака главна мерна станица (ГМС) Жидилово Република Северна Македонија се наведува во објавата од ЕСМ Продажба.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ