ЕСМ: Набавка на првите 90 илјади тони јаглен за РЕК Битола, отворен повик во текот на целата грејна сезона за останатите

Од:

Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

-Од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во земјава и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј, велат од ЕСМ.

Отворениот повик, додаваат, ќе биде дополнителна можност за компаниите да ја комплетираат документацијата, како што е случајот со понудата на јаглен од Косово која ги задоволува техничките, финансиските и количинските барања на повикот.

-Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК – државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини, прецизираат од ЕСМ.

Нагласуваат дека ќе го засилат и ископот на сопствен јаглен и со тоа, како што велат, ќе го осигураме производството на електрична енергија во текот на зимската сезона.

-Нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони, додаваат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“