ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција

Од:

Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне е повторно ставен во функција. Постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија.

„Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките“, велат од ЕСМ.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

РЕК Битола работи со еден блок

Надвор од функција e РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото