Ердоган ги смени вицегувернерите на Централната банка

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво.

Како што пренесуваат турските медиуми, сменети се замениците гувернери Семих Туменанд и Угур Намик Кучук, заедно со друг член на Банката, Абдула Јавас, а Ердоган го назначил Таху Чакмак за заменик гувернер и Јусуф Тун за член на Централната банка.

По објавувањето, лирата падна на рекордно ниско ниво од 9.1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден, а досега таа ослабе за околу 19 отсто во текот на оваа година.

До промена на членовите дојде откако претседателството во средата вечерта објави дека Ердоган се сретнал со гувернерот на Централната банка Сахап Кавчиоглу.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје