Енергетска заедница: Нашата земја е прва членка која спроведе конкурентен јавен тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија

Од:

Енергетската заедница нотираше дека нашата земја е прва членка на Енергетската заедница, која спровела конкурентна тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

„Во согласност со новиот Закон за енергетика во кој е имплементиран Третиот енергетски пакет, нашата земја започна постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија и снабдувач во краен случај за период од пет години. Конзорциумот на „ЕВН Македонија“ и „ЕВН електроснабдување“ победи на тендерот, нудејќи најниска понуда во споредба со другите понудувачи. Ова е прва конкурентна тендерска постапка во Енергетската заедница“, нотирано е во соопштението на Енергетската заедница.

Според Третиот енергетски пакет, како што се наведува, на сите потрошувачи, односно на домаќинствата и на малите претпријатија, им се гарантира правото на “универзално снабдување”, односно да се снабдуваат со електрична енергија со определен квалитет, по разумни, лесно и јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторски цени.

Договорните страни на Енергетската заедница можат да назначат снабдувач во краен случај, со цел да се заштитат потрошувачите во ситуации кога би пропаднал нивниот снабдувач со електрична енергија, како и да се заштитат неактивните потрошувачи или потрошувачите со потешкотии при плаќањето.

Согласно законските процедури, целосната постапка за универзален снабдувач и снабдувач во краен случај ќе биде целосно завршена во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

Орце Костов

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина електрична енергија

Ана Ололовска

РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење

(ВИДЕО) Новите сметки донесоа гнев – зошто повеќе пари за пренос отколку за потрошена струја?

Празничното украсување во Солун ќе се исклучува во 1 часот по полноќ за заштеда на енергија

А1он

Бугарската влада дава 200 евра помош за затоплување домови

А1он