ЕЛЕМ ќе отпишува долгови на ранливите категории за топлинска енергија

Од:

АД  „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните.  Како што соопшти комапнијата, Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“.

Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.  Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од  постојниот Закон.

– Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорното работење и помагање на заедницата, информираат од АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство