Еквадор подготвува дигитална валута

Од:

Еквадор до декември годинава ќе ја пушти во оптек дигиталната валута што веќе се подготвува, а ќе ја издава Централната банка.

Електронските пари ќе постојат паралелно со обичните и согласно законот, ќе бидат поддржани преку т.н. ликвиден имот. Аналитичарите сметаат дека ова би можело да биде првиот чекор на Еквадор кон напуштање на американскиот долар кој моментно се коиристи како официјална валута.

Дигиталната валута засега нема име, ниту се објавени другикакви било  технички детали во врска со неа. Претставниците на Централната банка велат дека од побарувачката ќе зависи колкава количина ќе се произведе за разлика од крипто-валутите биткоин чија количина е ограничена.

Електронските пари добија поддршка и од Парламентот минатиот месец кога истовремено беа забранети биткоините.

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа кој е левичар, смета дека единствен проблем со овој проект е што му требало превише време да заживее. Тој негираше дека дека целта на електронските пари е да се замени американскиот долар што земјата го воведе во 2000 година, после банкарската криза.

Најпрво, дигиталната валута ќе може да се користи преку мобилните телефони. Сличен начин на плаќање постои во Кенија и Танзанија. Софтверот за електронските пари веќе го користат телефонските компании во Парагвај.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници