Експерименталните турски сорти ориз со високи приноси во Кочанско

Од:

Во Кочани денеска започна вториот квартал од проектот за воведување турски сорти ориз на полињата во Кочанско што го реализираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Турската агенција за соработка и координација -ТИКА.

Четири тони од 13 турски сорти ориз, од пробното производство од минатата година, поминаа цела вегетативна фаза на површините на Земјоделскиот институт и кај 20 приватни земјоделски производители. Опитите на експертите во Институтот за ориз во Кочани се вршеа на 9 турски сорти и на одомаќинетата сорта ориз во Кочанско „сан андреа“.

– Скоро сите сорти покажаа поголем принос од „сан андреа“,а тој се движи од 9.400 до 11.000 кг/ха. Највисок принос е забележан кај сортата „чакмак“. Кршливоста на арпата при преработката во фабриките се движи од 37 до 64 проценти. Најнизок принос на бел ориз на единица површина имаше кај „сан андреа“,а највисок ја сортата „кизилтан“, соопшти Добре Андов од Земјоделскиот институт.

Оваа година 11 тони од турски сорти семенски материјал се поделени на 80 оризопроизводители.

– Потребно е земјоделците да примаат совети од сеидбата до жетвата. Целта е на оваа плодна земја да се унапреди оризопроизводството и да се подигне нивото на квалитетот на ориз во овој регион, рече на презентацијата Терман Тиљаки, координатор на ТИКА.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади