Економскиот раст на Франција за 2018 година достигна 1,8 проценти додека во 2017 година изнесуваше 2,3 отсто, јави дописникот на МИА.
Економскиот раст е малку подобар од очекуваното во четвртото тримесечје, кога бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,3 проценти, според првите проценки на Францускиот институт за економски и статистички студии.
Потрошувачката на домаќинствата драстично се намали во третото квартал од 2018 година, силно погодена од Движењето Жолтите елеци, не забележа раст наспроти 0,4 отсто во претходното тримесечје.