„Економист“: Смртта на „Јужен поток“ дава нов импулс за гасните проекти во ЈИЕ

Од:

Откажувањето на Русија од политичи мотивираниот мегапроект „Јужен поток“ му даде силен импулс на планираниот Енергетски сојуз на ЕУ, тврди британскиот весник „Економист“.

Според весникот, токму од тие причини, на средба во Брисел еврокомесарот за енергетска политика Марош Шефчович на средба со министрите за енергетика на Австрија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Словенија и Хрватска ги разгледа плановите за создавање на врски и за интегрирање на фрагментираниот регионален пазар на гас во Југоисточна Европа.

Сега на маса повторно се враќаат голем број гасни проекти со цел да се најдат алтернативи за снабдувањето со гас на државите кои останаа без директен пристап до енергенсот со откажувањето на „Јужен поток“, наведува „Економист“.

Весникот потсетува дека во текот на идната година Бугарија ќе се поврзе со гасоводен систем со Романија, како и дека се планира изградба на гасовод од бугарска територија кон Грција и кон Србија.

Унгарија се надева дека ќе го оживее гасоводот за дистрибуција на енергенсот од Азербеџан до Централна Европа. Будимпешта би имала полза и од воскреснувањето на планираниот терминал за втечнет природен гас на хрватскиот остров Крк, што го туркаат САД, и чија реализација би чинела 600 милиони евра, додава британското издание.

Весникот потсетува дека плановите за изградба на терминалот на Крк беа откажани минатата година поради спорот меѓу Хрватска и Унгарија околу хрватската компанија ИНА, чии главен акционер е унгарскиот МОЛ.

Сега меѓутоа како резултат на руското „не“ за „Јужен поток“, Хрватска повторно го става на дневен ред планот за терминалот на Крк. Загреб планира да направи нова оценка на исплатливоста на изградбата на овој терминал, чија реализација би требало да заврши до 2019 година. Иако неговиот капацитет би бил меѓу четири и шест милијарди метри кубни годишно, овој терминал би можел да го разбие рускиот монопол за доставувањето на гас за југоисточна Европа, наведува „Економист“.

Изградбата на ваков терминал во Словенија и помогна на земјата да ја намали зависноста од рускиот гас. По ова и останатите балкански држави се надеваат дека ќе го повторат успехот на Словенците, заклучува „Економист“.

Би можело да ве интересира

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска

Вашингтон: Изградбата на „Турски поток“ отвора дилеми

Ана Ололовска

„Ведомости“: „Газпром“ би можел да го возобнови „Јужен поток“

Ана Ололовска

Шефчович: Откажувањето на „Јужен поток“ не е закана за енергетската безбедност на Србија

Ана Ололовска