„Економист“: Француска бомба која му се заканува на еврото

Од:

Лондонскиот неделник „Економист“ во најновиот број ја нарече Франција „темпирана бомба во срцето на Европа“.

„Кризата би можела да ја погоди Франција веќе следната година“, предупреди конзервативниот магазин со поднаслов „Причините Франција да стане најголема закана за единствената европска валута“.

Економист ги обвинува францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Жан-Марк Еро за одлагање на клучните реформи, наведувајќи дека „ниту Оланд ниту Еро изгледа не се доволно храбри лидери за да наметнат реформи и покрај општото противење“.

Сепак, изгледа дека новата социјалистичка власт во Франција разбира колку е сериозна економската ситуација во Европа и колку се потребни реформи за да се биде конкурентен и на глобално ниво, пишува весникот, изразувајќи загриженост дека „тие неодамнешни промени се задоцнети и недоволни“.

Долгата листа на француски проблеми ја вклучува економијата во стагнација, висока невработеност, огромниот трговски дефицит и јавен сектор кој опфаќа речиси 57% БДП што е „најголемо ниво во еврозоната“, предупредува весникот.

Бизнис атмосферата, како што наведува „Економист“, е влошена по „низата левичарски мерки, вклучувајќи данок на највисоките приходи од 75 отсто, зголемени даноци за компаниите како и делумно намалување на претходно зголемените старосни граници за пензионирање“.

Истовремено, „ниту елитата ниту гласачите не се подготвени да префрлат поголем суверенитет на институции на ЕУ, како што не се подготвени ниту за длабоки стуктурни реформи“, оценува неделникот.

Иако Оланд воведува мерки кои неговата земја треба да ја направат конкурентна „Франција цели во мета во движење, затоа што сите земји во еврозоната спроведуваат структурни реформи и тоа побрзо и пообемно од Франција“, се вели во весникот.

„ММФ неодамна ја предупреди Франција дека ризикува да остане зад Италија и Шпанија. Оланд нема многу време за деактивирање на темпираната бомба во срцето на Европа“, заклучува „Економист“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано