Сегашното ниво на стапката на невработеност во еврозоната е недозволиво високо и претставува трагедија за Европа, изјави претставникот на Европската комисија, Џонатан Тод.
Според најновите податоци на Европската статистичка служба Евростат, стапката на невработеност во еврозоната достигнала 11,9 отсто.
Тод потсети на изјавата на еврокомеарот за вработување и социјална политика Ласло Андор, кој оцени дека таквото ниво на невработеност претставува „трагедија за Европа“ и ја покажува длабочината на кризата, псоебно во земјите на еврозоната.
Според Тод, ЕУ и нејзините-земји членки се должни да ги искористат сите расположливи средства за да создадат нови работни места и да обезбедат одржлив економски раст.
Тод нагласи дека посебно треба да им се помогне на младите во стекнувањето на подобри професионални кваливикации, со што би се зголемиле нивноте шанси за наоѓање работа.
За таа цел, според Тод, ЕУ ќе воведе систем наречен „гаранција за младите“ преку кој на младите луѓе ќе им се овозможи да го подбрат своето образование и потоа тоа стекнато знаење да го спроведат во пракса што е можно побрзо.