ЕК почнува преговори со Швајцарија за автоматска размена на банкарски податоци

Од:

Министрите за финансии од Европската унија синоќа и доверија мандат на Европската комисија за преговори со Швајцарија за автоматска размена на банкарски податоци за зајакнување на борбата против даночно затајување.

Според швајцарските електронски медиуми, кои се повикуваат на неименуван извор близок до Европската комисија, одлуката била едногласно донесена. Луксембург побара автоматската размена на инфорамции да биде дел од мандатот на Европската комисија и таквата одлука да стапи на сила од 2015 година.

Предлогот на Луксембург е поддржан од Австрија. Швајцарија неодамна соопшти дека нема ништо против разговори за проширување на просторот за дејствување во однос на примената на актуелните договори со ЕУ.

Федералниот совет на Швајцарија од друга страна се залага автоматската размена на податоци да стане меѓународен стандард.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот