ЕК одобри 107 милион евра за гасните капацитети во Грција

Од:

Европската комисија одобри финансиска помош од 107 милиони евра за обнова и изградба на пет гасни капацитети во Грција, објави весникот „Имерисија“.

Средствата, кои ќе бидат доделени од Европскиот фонд за регионален развој, се наменети е обнова на две гасни станици, за изградба на трета и за поставување на два цевни системи за пренос на гас.

Според проценките, за реализиација на петте проекти се потребни 551,6 милиони евра.

Станува збор за обнова на терминалите за течен гас во Ревитуса и за изградба на гасна станица во Неа Месимврија и на доводи за гас до Аливери и до Мегалополи.

Експертите апелираат до Владата во Атина да преземе мерки со кои ќе се гарантира нормално снабдување на Грција со природен гас, во случај на запирање или ограничување на дистрибуцијата на руски гас до земјата.

Енергетската зависност на Грција од Русија е голема и евентуалниот прекин или ограничен дотек на руски гас ќе предизвика огромни проблеми во работата на претпријатијата и во целата економија, смета претседателот на Здружението на трговско-индустриските комори во Грција, Константинос Михалос.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски