ЕК: Нови тристрани преговори меѓу Украина, Русија и ЕУ за рускиот гас

Од:

Претставници на Украина, Русија и Европската комисија ќе се сретнат утре во Брисел за продолжување на преговорите за решавање на спорот со цените на гасот, соопшти денеска ЕК.

Се предвидува тристраната средба, иницирана од ЕК, да почне во 17 часот по Гринич. Планирано е на неа да присуствува европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер, рускиот министер за енергетика Александар Новак и украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан.

Во соопштението на ЕК се наведува дека на средбата, исто така, ќе учествуваат и шефовите на Газпром и Нафтогаз Алексеј Милер и Андриј Коболев, кои имаа двострани консултации во текот на минатата недела.

Русија се заканува да ја запре испораката на гас за Украина, ако Киев не плати за јунските достави до 10 јуни.

Би можело да ве интересира

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден