ЕК нема нови предлози за Грција

Од:

Европската комисија нема да и претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина – ЕК, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, изјави денеска портпаролката на ЕК, Мина Андреева.

Комесарот за економски и монетарни прашања на Европската унија Пјер Московиси претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција.

– Се уште има место за преговори меѓу Грција и кредиторите. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер денеска ќе излезе со нови предлози, изјави Московиси за едно француско радио.

Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во Брисел.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски