ЕК: Нема механизам за исклучување на Грција од еврозоната

Од:

Европската комисија не разгледува можност за излез или исклучување на Грција од еврозоната, соопшти денеска прес-службата на ЕК, по објавените текстови во европските медиуми за евентуално исклучување на Атина од монетарниот сојуз во случај на банкрот.

– Не постои правен механизам за исклучување на земји од еврозоната. ЕК дејствува врз основа на претходно постигнат договор меѓу Грција и меѓународните институции за нова рефорска програма и продолжување на меѓународната финансиска помош за Атина, наведува Комисијата.

Фраснцускиот премиер Мануел Валс, исто така, истакна дека неговата земја не гледа излез на Грција од еврозоната како „евентуална варијанта“.

– Времето не чека – грчката Влада во брзо време треба да изврши исплата на големи кредити, нагласи Валс, додавајќи дека ако Грција наскоро претстави програма за длабоки реформи ќе може да добие финансиска помош од ЕУ.

Тој изјави дека грчките власти успеале да постигнат „одреден напредок“, но се уште не е доволно и Атина треба да направи поголеми напори.

Претходно денеска британскиот весник „Тајмс“ објави дека земјите од еврозоната тајно подготвуваат план за исклучување на Грција од монетарниот сојуз доколку Атина прогласи банкрот следниот месец.

Според весникот, детални планови се ставени во документ подготвен од финското Министерство за финансии во соработка со Германија.

Во документот се предупредува дека оваа пролет треба да се донесат „многу тешки политички одлуки“.

– Со преќутна согласност на останатите земји од еврозоната започна процес, кој на крајот може да доведе до исклучување на Грција од еврозоната, се наведува во текстот со датум од 27 март.

Финска е убедена дека преку реформите од последните три години и мерките преземени од Европската централна банка, еврото може да ја надмине бурата, која ќе се појави по исклучувањето на Грција од еврозоната, нагласува „Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната