ЕК не е задоволна од напредокот по грчкото прашање

Од:

Напредокот за наоѓање решение за грчкиот финансиски проблем не задоволува, предупреди денеска Европската комисија, на само една недела пред министрите за финансии од еврозоната да го разгледаат ова прашање на средбата во Рига.

– Продолжуваме да работиме со другите институции и грчките власти. Преговорите се во тек. Но, досега не сме задоволни од постигнатото ниво на прогрес, изјави портпаролот на Еврокомиисјата, Маргаритас Схинас.

Според него, работата треба да се интензивира пред неофицијалната средба на еврогрупата на 24 април.

Грција и нејзините кредитори се стремат да постигнат договор за нови реформи, кои се неопходни за деблокирање на 7,2 милијарди евра, од последната транша од финансиската помош. Постои опасност Атина наскоро да остане без финансиски средства, па затоа Еврогрупата треба да одобри отпуштање на дополнителна финансиска поддршка.

Се очекува грчкиот проблем да биде тема на разговор и на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, кои почнуваат денеска.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски