ЕК: Македонската економија умерено подготвена да се соочи со европскиот пазар

Од:

Македонија направи одреден прогрес и е на завидно ниво во подготовката и развојот на функционална пазарна економија и е умерено подготвена да се соочи со конкуренцијата на европскиот пазар. И покрај политичките случувања во првата половина на мината годината, направен е напредок особено во менаџирањето и транспарентноста на јавните финансии, оценува Европската комисија во извештајот за исполнувањето на економските критериуми на земјава.

За да и се овозможи на земјата да ги исполни обврските за членство, ЕК препорачува умерено да се подготви во многу области вклучително конкурентноста, транспортот и енергијата, а како клучни слабости во економијата ги нотира големата неформална економија и слабото спроведување на бизнис договорите.

– Структурните проблеми на пазарот на труд се рефлектираат со слаба активност и висока стапка на невработеност. Макроекономските показатели се влошија во првата половина на 2017 со ескалирањето на политичката криза, а тоа влијаеше и на нивото на инвестиции. Недостасува долгорочен план за консолидација на фискалната политика, се посочува во извештајот на ЕК.

Се препорачуваат натамошни мерки за диверзификација на извозот и воведување поголема аутпут вредност во производствениот сектор.

– Трговските и инвестициските односи со ЕУ продолжуваат да се интензивираат. Економијата и натаму страда поради несоодветната образовна структура на пазарот на труд, недоволни капитални инвестиции, вклучувајќи и делови од јавната инфраструктура, како и немањето технолошки иновации, севели во извештајот.

За создавање услови за долгорочен економски раст, ЕК препорачува воспоставување среднорочна буџетска рамка, фискална консолидација и таргетирано трошење, подобрување на легислативата, намалување на неформалниот сектор, зајакнување на пазарот на труд и овозможување услови за поголема вработеност, особено на жените и младите.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана