ЕК изврши контрола во Бе-Ем-Ве поради сомнеж за монополски договор

Од:

Европската комисија информираше дека во понеделникот спровела ненајавена инспекција во седиштето на германскиот автомобилски гигант Бе-Ем-Ве во Минхен.

Според Еврокомисијата, целта на инспекцијата била да се испита дали Бе-Ем-Ве ги прекршил законите на ЕУ, кои спречуваат формирање на монополски или картел услови на пазарот и диригирање на цената на одредени производи.

– Инспекциите се прв чекор во истрагата за сомнителни монополски постапки. Фактот што Комисијата ја изврши оваа инспекција не значи дека компанијата е виновна за недозволено однесување на пазарот и не го прејудицира исходот на самата истрага, пишува во денешното соопштение на ЕК, во кое не е објавено името на германската автомобилска компанија која е предмет на истрага.

Бе-Ем-Ве меѓутоа самата потврди дека нејзините канцеларии биле цел на истрагата.

Германскиот неделник „Шпигел“ неодамна информираше дека Бе-Ем-Ве, „Ауди“, „Фолксваген“, „Порше“ и „Дајмлер“ имале таен договор постигнат уште во 90-те години на минатиот век, преку кој го регулирале развојот на нови возила, логистиката на производството, како и справувањето со новопоставените еколошки стандарди.

Една од овие компании, „Фолксваген“, неодамна беше казнета со 15 милијарди евра за манипулирање со софтверот за мерење на издувните штетни гасови, додека „Дајмлер“ минатата година мораше да плати и милијарда евра на ЕУ за недозволено договарање на цените на камионите со конкурентски фирми.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто