ЕК ги објави последните предлози на кредиторите за Грција

Од:

Европската комисија во интерес на транспарентноста ги објави последните предлози на кредиторите за Грција, кои Атина ги отфрли, јави ТАСС.

– Во интерес на транспарентноста и за да биде информиран грчкиот народ, Европската комисија ги објави последните предлози, усогласени од трите институции (ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Тие ги земаат предвид предлозите на грчките власти од 8, 14 и 25 јуни 2015 година, а исто и преговорите на политичко и техничко ниво во текот на неделата, се наведува во соопштението на ЕК.

Комисијата се надева дека на тој начин ќе ги информира граѓаните на Грција за вистинската содржина на предлозите.

Предлозите на кредиторите содржат три главни точки. Прво масовна даночна реформа, која вклучува преразгледување на системот на ДДВ со зголемување на вредноста на серија категории стоки, зголемување на корпоративниот данок, воведување серија нови и зголемување на актуелните давачки за државната каса, меѓу кои за луксузни стоки и јахти, укинување на даночните олеснувања, вклучувајќи и на субвенциите за земјоделците при купување на гориво.

Втората и најпроблематичната точка е пензиската реформа, која има цел етапно укинување на актуелниот исклучително сложен систем, со кој на различни категории граѓани им се овозможува предвремено пензионирање, почнувајќи од 53 до 55 година. Од 2022 година тој систем треба да исчезне, единствена возраст за пензионирање за сите да биде 67 години или 62 години со стаж од 40 години.Во Грција во моментов овие рокови се воведени, но ЕК напоменува дека мошне мал број граѓани работат до 67 години.

Третата клучна точка од предлозите на кредиторите е масовна реформа на пазарот на труд, а исто така и на системот за определување на платите во државниот сектор, при што целта е да се воведе единствен систем за плаќање на трудот. Кредиторите бараат да се зголеми и ефикасноста на администрацијата, да се активираат напорите за борба против корупцијата, затајувањето даноци како и мерките против црниот пазар на труд.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски