ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

Од:

Водечката компанија за снабдување со електрична енергија, ЕДС – Energy Delivery Solutions, со нова промотивна понуда за компании.
Секој клиент кој ќе склучи нов договор за снабдување со електрична енергија или ќе го обнови постојниот договор на 12 месеци, добива подарок – Xiaomi еспресо машина за кафе.

Понудата важи за сите компании, кои од 15 октомври 2025 до 15 јануари 2026 ќе го обноват договорот со ЕДС или ќе станат нови клиенти со годишен договор за снабдување со избор на промотивната тарифа Fix ++.

Со оваа промотивна кампања, ЕДС уште еднаш ја потврдува својата ориентација кон клиентите, нудејќи енергетски решенија што носат сигурност, стабилност и заштеда – и сега, со еспресо вкус на партнерството.

ЕДС, е дел од PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа која што има свои операции во Грција, Романија, Бугарија, Италија и Хрватска со вкупен инсталиран капацитет од 12.5 GW и годишно производство од околу 21 TWh од термални, хидро и обновливи извори.

PPC обезбедува над 33 TWh електрична енергија и широк спектар на додадени услуги за повеќе од 8.8 милиони корисници. Преку ЕДС, овој капацитет и експертиза се ставени во служба на компаниите клиенти на ЕДС, со цел да им се обезбеди стабилност и нови можности за раст.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“