ЕДС промовира нов концепт во работењето: Корисниците во фокусот на работењето

Од:

Во време на зголемена потреба за енергетска ефикасност, одржливост и предвидливост на трошоците, ЕДС го редефинира својот пристап кон клиентите преку новиот концепт „ЕДС како енергетски партнер“. Овој стратешки правец означува отстапување од традиционалниот модел на снабдување со електрична енергија и насочување кон градење долгорочни партнерства базирани на доверба, флексибилност и заеднички развој.

„Нашата цел не е само да обезбедиме електрична енергија, туку и да понудиме консултативна поддршка, персонализирани решенија и долгорочна соработка што ќе им помогне на компаниите да ја зголемат својата енергетска ефикасност и одржливост. Иновациите што ги воведовме се насочени кон дигитализација, транспарентна комуникација, флексибилни тарифни модели и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија“, вели главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Новите услуги и иницијативи вклучуваат целосна дигитализација на услугите, со цел поедноставено и транспарентно управување со енергијата, флексибилни тарифни модели изработени во консултација со клиентите и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија, како дел од поширокиот напор за одржлив развој.

Со новите тарифни модели, клиентите на ЕДС добиваат можност за поголема стабилност и предвидливост на трошоците, што е особено значајно во време на динамични енергетски пазари. Двата модели се креирани според реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат деловните субјекти.
Благодарение на своето членство во PPC Групацијата, една од водечките енергетски компании во регионот, ЕДС располага со пристап до напредни технолошки решенија, знаење и ресурси кои дополнително ја зајакнуваат нејзината способност да понуди поголема вредност за своите клиенти.
Со новиот пристап, ЕДС го поставува клиентот како стратешки партнер и се стреми да биде активен учесник во енергетската трансформација на бизнисите – преку доверба, иновации и стабилна поддршка.

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт – Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 јуни 2026 изнесува 115,75 евра за мегават час, на МЕМО 86,70 евра за мегават час

А1он

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 12 јуни 2026 изнесува 111,89 евра за мегават час, на МЕМО 91,08 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час