ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Од:

ЕДС побара спогодбено раскинување на договорот со АД МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Република Македонија, потпишан во декември 2016 година, соопштуваат од компанијата.

Во барањето доставено од компанијата до АД МЕПСО стои дека причина за ова барање е избегнување секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на ЕДС, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања.

– Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата заменик претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на акционерско друштво во државна сопственост како што е АД МЕПСО претставува судир на интерес, бараме договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО