Една третина од Французите се откажуваат од лекување поради немање средства

Од:

Франција важи за земја каде социјалното и здраственото осигурување се најразвиени и на осигурениците им нудат широка заштита.

Но, барметарот на Јуроп Асистенс на кој се осврнува денешен „Фигаро“ покажува дека една третина од Французите се откажуваат од лекување поради немање средства, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Барометарот покажува дека Франција е европската држава во која луѓето најмногу се откажуваат од лекување, а пред неа е единствено Полска каде дури 39 отсто од испитаниците изјавуваат дека се откажуваат од лекување.

Кај Германците тоа го прават 24 отсто од осигурениците, во Италија 20 отсто и само четири отсто Британци изјавиле дека се откажуваат од лекување поради немање доволно средства.

Во САД, кои често пати се покажуваат со прст поради нивниот здраствен систем, само 28 отсто се откажуваат од лекување. Кога ќе се види по ред, Французите најчесто се откажуваат од лекување на забите, во дури 25 отсто случаи, а следуваат оние кои имаат потреба од очила или контакт леќи- 17 отсто, тековни лекувања 12 отсто, купување лекови седум отсто и тешки лекувања седум отсто.

Жените најчесто се откажуваат од лекувања поради немање срдства- во 41 отсто од случаите, додека кај мажите процентот е 23 отсто.

Интересно е дека 40 отсто од младите најчесто се откажуваат од лекување, и тоа пред се се оние на возраст од 18-39 години, додека кај повозрасните- над 60 години , само 22 отсто се откажуваат од лекување.

Барометарот, сепак, подвлекува дека Французите имаат добро мислење за нивниот здравствен систем, на кој му даваат просечна оценка од 5,1/10, наспроти просечната оценка од 4,7/10 во цела Европа.

Француската влада најави дека од 2017 година пациентите веќе нема да авансираат средства за нивните консултации кај матичните лекари.

 

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето