Единствено грчката ППЦ достави понуда за изградба на ХЕЦ „Чебрен“

Од:

Грчката Паблик Пауер Корпорејшн – ППЦ (Public Power Corporation) е единствената компанија која достави понуда на тендерот за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични центарали на Црна Река.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека е во тек фазата на евалуација на доставените понуди што беа отворени на 30 јуни, а во најкраток можен рок Владата ќе донесе одлука дали понудувачот ги исполнува утврдените услови.

Првично 11. тендер за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични центарали на Црна Река требаше да заврши на 16 април годинава, но беше одложен на барање на компаниите кои подигнаа тендерска документација. Овој јавен повик, објавен на почетокот на годинава, сега се однесува само за изградба на хидроелектраната ХЕЦ „Чебрен“ што се предвидува да трае седум години и да чини околу 300 милиони евра. Во првите 10 јавни повици таа одеше во пакет со ХЕЦ „Галиште“, а на евентуалниот изведувач му се нудеше да ја добие на користење и постојната ХЕЦ „Ткивеш“ како дел од уделот на АД „ЕЛЕМ“.

Покрај тоа, во последниот јавен повик се внесоа и низа измени за ХЕЦ „Чебрен“ и се предвиде флексибилност за висината на браната, која може да е меѓу 182,5 и 192,5 метри. Отстапки има и во уделот кој државата, преку ЕЛЕМ, ќе го има во партнерската фирма со инвеститорот. Од идниот инвеститор се бараат најмалку 35, наместо претходните 39 проценти учество во заедничката фирма. ХЕЦ „Тиквеш“ ќе му се отстапи на концесионерот по три месеци од потпишувањето на договорот за концесија, а цената за преносот на струјата која ќе се плаќа на МЕПСО ќе биде фиксна и ќе изнесува 4,4 евра по мегават час и ќе важи за целиот концесиски период.

Според Министерството за животна средина и просторно планирање, измените беа баланс меѓу потребите на државата и барањата на концесионерите, а како гаранција за успешноста на тендерот Владата ја ангажираше ИФЦ, групација на Светска банка.

Додека ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“ се нудеа во пакет покрај ППЦ интерес покажаа „РВЕ“, „ЕВН“, „Енел“, „Штрабаг“, „Вербунд“, „Старткрафт“, „ЦВЕ“,  „Балкан енерџи груп“ и грчката државна компанија за дистрибуција на струја, ДЕИ, но ни една не достави конечна понуда.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска