ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка на 0,75 отсто

Од:

Советот на гувернерите на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска донесе одлука да ја задржи нејзината основна каматна стапка на ниво од 0,75 отсто.

Дел од експертите оценуваат дека со ваквата одлука, ЕЦБ се откажала од давањето на дополнителен поттик на економијата во еврозоната која се наоѓа во рецесија.

Берзите засега не реагираа на одлуката на Советот на ЕЦБ во очекување на обраќањето на претседателот на Банката, Марио Драги, кој треба да ги објави прогнозите на оваа финансиска институција за економските перспективи на еврозоната.

Експертите проценуваат дека Драги најверојатно ќе побара од земјите-членки на еврозоната кои се наоѓаат во длабока криза да ги исполнат поставените услови за спроведување на строгите мерки за штедење, доколку сакаат да добијат помош од ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот