ЕЦБ ја брани програмата за купување обврзници од ослабените земји членки на ЕУ

Од:

Германскиот сојузен Уставен суд денеска и утре ќе расправа по повод критиките на фондот за спас на еврозоната, во текот на што судиите ќе ја разгледаат и минатогодишната понуда на Европската централна банка (ЕЦБ) да купи неограничен број државни обврзници со цел да се намалат трошоците за задолжување на тие земји.

Членот на Управниот одбор на Европската централна банка Јерг Асмусен предупреди дека укинувањето на програмата за купување државни обврзници од ослабените земји членки на ЕУ ќе има негативни последици.

Асмусен за германскиот весник „Билд“ изјави дека програмата за купување на обврзници е „економски неопходен, правно прифатлив и ефикасен“, како и дека укинувањето на оваа програма би можело да има значителни последици.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот