ЕБРД влегува со 50 милиони евра во мрежата на „Хипо“ на Балканот

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) денеска донесе одлука за преземење на дел од мрежата на банката „Хипо Алпе Адрија“ на Балканот.

ЕБРД ќе преземе 20 проценти во групацијата „Хипо“ во југоисточна Европа, а за тоа ќе одвои капитал во висина до 50 милиони евра, соопшти Банката по седницата на нејзиниот Управен одбор.

Главен акционер во мрежата ќе биде американскииот фонд „Адвент“, чии управни тела треба да донесат конечна одлука за тоа.

ЕБРД, која на почетокот на 90-те години на минатиот век ја основаа 42 држави со цел да се поттикне економски развој на европските постокомунистички земји, во овој момент поддржува проекти во дури 30 држави.

Според сопствената дефиниција, ЕБРД учествува само во проекти кои не би можеле да се реализираат со финасирање под комерцијални услови.

ЕБРД има сопствен капитал во висина од 30 милијарди евра и меѓу 1991 и 2011 година, инвестираше 71,1 милијарди евра во 3.374 проекти.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов