ЕБРД ќе привлекува инвеститори на Балкан

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) работи на тоа да донесе инвеститори во регионот на Балканот, за да помогне во преструткуирање на нефункционалните кредити, изјави денеска директорот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.

Банките на Балканот имаат проблем со постојано растечкиот товар на нефункционалните кредити, инстакна Чакрабарти на конференцијата на Народната банка на Австрија (ОНБ) за европската економска интеграција „Предивзвици и ревизии во Европа, изгледите за Централана, Источна и Југоисточна Европа“.

Стапката на нефункционалните кредити изнесува повеќе од 20 проценти, а за ЕБРД овој проблем кој ги ослабнува банките, како и инвестициите и економскиот раст, претставува еден од главните проблеми на регионот, кој неможат да го решат само владите и регионалните банки.

Чакрабати рече дека на теренот, според акционите планови, потребно е и правен амебиент кој ќе го потикнува реструктуирањето.

ЕБРД, како што потсети тој, самата е вклучена во мерките за санација во Источна и Југоисточна Европа.

Чакрабати рече дека ЕБРД во моментов работи на привлекување инвеститори во регионот, кои се специјализирани за преструктуирање, така што локалните банки, повторно би биле доведени во состојба да се сконцентрираат на давање поволни кредити.

– И покрај товарот на нефункционални кредити, како последица на кризата, понатамошни лоши изгледи за развој на економијата на Западен Балкан и рецесијата во Хрватска и Србија, Југоисточна Европа сепак е регион со голем потенцијал, рече пртседателот на ЕБРД.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Европската банка за развој бара брзо да се санираат штетите во затворот во Идризово

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат