Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на усогласеност на тема „Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија“.
Како клучни утврдени состојби од ДЗР ги посочуваат: не се воспоставени внатрешна евиденција на недвижни ствари кои ги користи СОЗР и единица за внатрешна евиденција на недвижен имот, евидентирано недвижни ствари за кои недостасуваат вредности и истите не можат да бидат внесени во деловните книги, утврдени се разлики во количините и набавениот износ, побарувањата и обврските.
Издадено е мислење дека пописот на средствата, побарувањата и обврските во СОЗР е нецелосен и во одредени сегменти не е постапено согласно законската регулатива.
Клучните препораки од ДЗР се да преземе активности за воспоставување на внатрешна евиденција на недвижни ствари и да се достават предлози до Владата за да се добијат насоки за регулирање на нивниот правен статус, да преземе активности за утврдување на имотот и опремата, која се наоѓа на локации во други држави, да дадат појаснување за причините за настанатите кусоци, како и вишоци и разлики во побарувања и обврски према добавувачи.