Дводневен Саем за чиста енергија

Од:

„Саем за чиста енергија“ како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Гоу Грин“, а во партнерство со Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Француската амбасада во Скопје.

Младите во Македонија на саемот ќе можат да се информираат за можностите за академски и професионален развој во областа на обновливите извори на енергија.

Целта на саемот е да се поврзат младите луѓе со компаниите кои работат на обновлива енергија и универзитети кои нудат студии од оваа област.

Како што информираат организаторите, саемот ќе претставува средба на побарувачката (студентите) и понудата (универзитети и компании) на пазарот на трудот за чиста енергија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза