Двеста земјоделци од Кавадарци и Росоман обезбедиле трактори со државна помош изминатите неколку години.
Како што информира за МИА Драган Николов, раководител на кавадаречката Подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, станува збор за поддршката „50-50“ во која половина од вредноста покрива државата, а останатата половина е на товар на земјоделците.
– На ниво на Македонија со оваа поддршка земјоделците обезбедиле 7.682 парчиња приклучна механизација од кои 800 парчиња кавадарчани и росоманчани, вели Николов.