И покрај кризата жители на Европа се се побогати и бројот на милионери расте. Но тој тренд е забележлив само за оние кои веќе се наоѓаат меѓу „добростоечките“, објави Дојче веле.
Според истражување на Глобал веалт кризата за одреден број поединци веќе е минато, па така имотот на граѓаните на Западна Европа е зголемен за 5,2 отсто и сега изнесува 35,8 билиони долари.
Но, тоа не значи дека сите граѓани на најбогатиот дел од Стариот континет одеднаш станале богати бидејќи статистичките податоци ги подигнуваат само оние „кои и досега биле во сферите каде се и милионите“.
– Порастот на богатствата се поврзува со оживување на пазарите на акции, изјави економистот Даниел Кеслер кој учествувал во изработката на студијата.
Според него, уште во 2011 година пазарите биле погодени од глобалната, а особено од кризата во еврозоната. Оправувањето во 2012 година значително придинело за зголемување на богатсвото на инвеститорите што придонело за раст на милионерите и тоа не само во Европа туку и во останатиот дел од светот.
На листата по број на милионери водат САД со 5,9 милиони, по нив следува Јапонија со 1,5 милионери и Кина со 1,3 милионери.
Во Европа на прво место е Велика Британија со 509.000 милионери, Германија 362 милионери што е за 30.000 повеќе отколку во 2011 година.