Државна лотарија донира 12.000.000 денари за борба против Ковид-19

Од:

Денес, Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, со цел поддршка на активностите кои се спроведуваат за справување со заканата по јавното здравје на граѓаните во нашата земја, предизвикана со заразната болест КОВИД-19, обезбеди донација во вредност од 12 000 000 денари како финасиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство на нашата земја.

Одлуката за донацијата е донесена од страна на органите на управување на Државна лотарија, по што донацијата во износ од 12 000 000 денари е уплатена на наменската сметка на Министерството за здравство – „финасиска помош – КОВИД 19“. Целта на донацијата е обезбедување дополнителна финасиска помош и поддршка на вонредните напори на нашето здравство во борба со заразната болест, за набавка согласно приоритетните потреби за апарати, опрема и материјали што ќе помогнат во спасување животи. Средствата за оваа донација Државна лотарија ги испланира и ги обезбеди од деловното работење на друштвото во 2020 година.

Министерот за здравство Венко Филипче ја изрази својата благодарност при што ја приложуваме неговата изјава – „ Голема благодарност до Државна лотарија за донацијата, со која ни помага во побрзо справување со корона вирусот. Само заеднички може да ја надминеме оваа светска здравствена криза предизвикана од Ковид – 19. Средствата ќе бидат наменети за справување со овој непредвидлив вирус.”

Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествено корисни цели согласно свите начела и стратегија на делување. Од почетокот на борбата со Ковид -19 ова е втора донација на Државна лотарија. Првата беше упатена кон Црвен Крст на Град Скопје во вредност од 700 000 денари за реализација на акција на терен за помош на ранливите категории граѓани и немоќни лица од трето доба на територија на град Скопје и други градови низ нашата земја.

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот Ковид 19 и неопходноста за заедничка солидарност и помош како и трајната определба на друштвото преку приредување на игри на среќа да генерира приходи наменети за финансирање на општествено корисни цели, оваа донација на друштвото е директен придонес и учество во заедничката обврска на сите субјекти на нашата земја, во борбата со корона вирусот на кој треба да се спротивставиме со ангажирање на сите расположливи можности и капацитети.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Договорот меѓу „Хеј“ и Државна лотарија e раскинат и е основа за покренување кривична постапка, вели Мицкоски

Полицијата ќе проверува лиценците за игри на среќа што ги издаде „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски

Снопче: Трите нови компании за организирање на интернет игри на среќа се без законска основа

Предраг Петровиќ

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он