Претставници од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина учествуваат на Регионален форум за е-земјоделство што се одржува во Нови Сад во организација на ФАО.
На тридневниот форум ќе се разговара за тоа како со примената на информатички и комуникациски технологии можат земјоделството и производството на храна да бидат поефективни, побезбедни, еколошки здрави и профитабилни за земјоделците.
– Земјоделците можат добро да ги искористат информатичките и комуникациските технологии во планирањето, производството и маркетингот на нивните производи, вели Невена Александрова-Стефанова, службеник од ФАО за земјоделски иновациски системи и размена на знаење.