Дозвола за градба од јуни за 15 дена

Од:

Дозволите за градење од 1 јуни ќе се издаваат по електронски пат. Новиот софтвер што за таа намена го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, ќе овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација.

На денешната презентација на електронското решение за управување со дозволите за градење, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека новиот систем ќе биде во интерес на граѓаните, но и поттик за странските инвеститори. Преку електронскиот систем ќе се врши прием на барањата за издавање одобрение за градење директно во дигитална форма. Целиот процес ќе опфаќа само четири чекори од доставувањето на барањето до издавањето на одобрението за градење.

До 1 јуни ЗЕЛС на средби со граѓани и приватниот сектор ќе го презентира системот со цел прифаќање на евентуалните забелешки, а паралелно ќе се вршат обуки на администрацијата.

– При изработката на новата електронска алатка за одобренијата за градење се користени искуствата на Сингапур, а Македонија е единствена држава во регионот што ќе воведе таков систем, информира Јанакиески.

Целосното воспоставување на електронското издавање на дозволите за градба чини 200.000 евра.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он